Меланија Трамп ја продолжи британската турнеја во фустан дизајниран од Викторија Бекам. Дипломатскиот моден избор на првата дама на САД се сведе на колоритен фустан кој чини 1.750 евра.
Одлуката на Меланија да носи британски бренд најверојатно е намерна, бидејќи е обичај за Првата дама да избере облека што ја одразува земјата во којашто ја посетува. Модерниот шарен фустан на Меланија веќе не е достапен во продажба.
Инаку, 48-годишната сопруга на Доналд Трамп беше во посета на „Royal Hospital Chelsea“, пензионерски дом во кој живеат околу 300 воени ветерани. Меланија беше придружувана од Филип Меј, сопругот на британската премиерка Тереза.