Францускиот моден креатор Жан-Пол Готје (67) најави дека ќе се повлече од светот на модата и оти ревијата на висока мода во Париз идната недела ќе биде негова последна.
– Оваа ревија слави 50 години од мојата кариера и воедно ќе биде моја последна, објави Готје на Твитер.
Тој наведе дека неговата модна куќа „Готје Париз“ ќе продолжи да работи.
Готје првата колекција ја претстави во 1976 година и долго важеше за креатор кој ги поместува границите во модата и ги поминува линиите помеѓу машката и женската гардероба.