Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, ги покани своето семејство и пријателите на дербито со Интер.
Натпреварот од 28. коло во Серија А на „Сан Сиро“ се игра вечер со почеток во 20:45 часот.
Според „Скај Спорт Италија“, Модриќ купил 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели. Меѓу поканетите на натпреварот бил и поранешниот соиграч на Лука од Хрватска, Марио Манџукиќ.
Манџукиќ играше за Милан во сезоната 2020/21.




