Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утре ќе престојува во Скопје каде ќе одржи средби со македонскиот државен врв.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Турската Чаршија, каде ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за “иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува “историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно “зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот закажан за 30 септември на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа