Откако СДСМ дојде на власт, само во 2017-та за спорт одвои 174 милиони денари, во 2018 година се вложени 234 милиони, а во 2019-та 244 милиони денари во спортот, истакна претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски на трибината во Битола.
Тој рече дека претходно ВМРО-ДПМНЕ малку вложувал во спортот.
Бившиот ракометар Мојсовски говореше за вложувањето и во колективните спортови, потенцирајќи дека и тука СДСМ се шампиони во споредба со „негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за спортот“.
– Во 2015-та и 2016 година, што мене најмногу ме боли, бидејќи доаѓам од ракометот, беа обезбедени само 177.000 евра, а во 2019 година се обезбедени 1.135.000 евра и дури 10 пати повеќе. Во кошарката за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени 46.000 евра, а денес обезбедени 831.000 евра. Во одбојката во 2015 и 2016 беа вложени само 53.000 евра, а денес 543.000 евра. Е, затоа почитувани граѓани на Битола има разлика, затоа со СДСМ спортот се враќа на прав пат, рече Мојсовски.
Мојсовски преокупиран со „парите и правиот пат и во спортот“ требаше да каже дека токму во времето кога на валст беше ВМРО-ДПМНЕ имавме европски шампион во ракомет, најголеми успеси во кошарката и репрезентативниот ракомет итн. Но, кога си на „прав пат“ се бројат само парите.