Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио.
Македонската експедиција со репрезентативци во Јапонија ќе ја сочинуваат:
- Блажевска Еминова Миа – пливање 100 м.
- Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
- Георгиевски Дејан – таеквондо – +80 кгр
- Деркоски Филип – пливање 400 м.
- Јованоска Пулексенија – карате – ката
- Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр
- Реџепи Арбреша – џудо – 52 кгр
- Стојоски Јован – атлетика 400 м.
Олимписки игри 2020 во Токио ќе се одржат со една година задоцнување поради пандемијата. Почетокот е закажан за 23 јули и ќе траат до 8 август.
На отворањето на Игрите, македонското знаме ќе го носи Дејан Георгиевски во друштво на Арбреша Реџепи.