Во 1977 година, во Самарканд, бев сведок на уште еден случај на неверојатно исцелување по молитвата.
Една мајка ми донесе две ќерки, едната боледуваше од епилепсија.
– Отец, можеби знаеш како да ја излечиш Олија? Целосно ја мачат епилептични напади, ги има два пати на ден. – ми рече мајката.
-Дали е крстена?
-Да – одговори мајката.
-А дали носи крст?
Мајката се двоумеше со одговорот:
-Отец! Како да ти кажам, и’ стававме до пред две недели.
Одмавнав со главата, велејки и:Што е христијанин без крст?

Тоа е како воин без оружје.

Почнав да разговарам со нив. Ги советував да се исповедаат и да се причестат, и секој ден да го читаат 90 – ти псалм 40 пати – „Кој живее во помошта на Севишниот“.

По три дена повторно дојдоа. И двете отидоа да се исповедаат, се причестија и почнаа да читаат Псалм 90 по 40 пати на ден, како што јас ги советував. И чудо – само два дена откако целото семејство го прочита 90-тиот псалм, Оља немаше повеќе напади. Таа се ослободи од тешката болест без никаква болница. Потресена, мајката дојде кај мене и праша колку пари се потребни „за лекувањето“.
Што ти е, мајко – велам – не го направив тоа јас, туку Господ. Можете сами да се уверите: Она што лекарите не можеа да го направат, Бог го направи веднаш штом вие со вера и покајание се обративте кон Него.

Од книгата: „Земја, училиште за вечноста“

Протоереј Валентин Бирјуков (1922-2018)