Џонах Ларсон (11) од Ла Крос, Висконсин, пораснал во сиропиталиште во Етиопија и сега им помага благодарение на неговиот талент.
Тој е многу вешт во плетењето и поради тоа набргу стана многу познат. Плетењето е нешто што не би го привлекло некое момче, но го смени животот на Џонах.
На 5-годишна возраст, тој нашол прибор за плетење, а подоцна на Јутјуб ги пронашол основите на плетењето и научил се сам. Неговиот живот се сменил кога првото видео станало вирално.
Сега парите што ги добива од плетењето ги испраќа во Етиопија за да им помогне на децата на кои им е потребна помош.
Тој и самиот бил посвоен во Етиопија кога имал 6 месеци. Основал профил на страницата GoFundMe и половина од парите кои тука ги собира одат за Roots Ethiopia, а другата половина оди во неговата родна земја.
За да дознаете повеќе за ова неверојатно момче, погледнете го видеото подолу: