Момче од Скопје вчера било нападнато и искасано од глутница кучиња во центарот на Скопје.
Дваесет и три годишниот Л.М. случајот го пријавил во полиција.
Од полицијата соопштуваат дека вчера во 14:10 часот во Полициската станица Центар, Л.М. (23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12 часот на плоштадот Филип Втори, додека се движел со велосипед, бил нападнат поголема група кучиња- скитници.
Притоа едно од кучињата го каснало за десната потколеница.