Момче од Охрид на 20-годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола.

Официјално за „Апла“ СВР Битола потврди дека има две жртви во сообраќајната несреќа. Прво почина битолчанец на 52-годишна возраст кој живеел во Германија. Подоцна во битолската болница, поради тежината на повредите починало и момчето од другото возило.

Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно изгорел.

-На 18.08.2025 во 13:09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место. Другото возило е опел со охридски ознаки во кое биле две лица на 20-годишна возраст од Охрид. Едно од двете лица родено 2005 година починало во Клиничка Болница Битола, соопшти официјално Сања Стаматова за Апла.мк.