„Новинарите во Авганистан известуваат дека талибанците најавиле забрана за ко-образование“, јави Би-Би-Си.
Зиар Кан Јаад – новинар на авганистанскиот информативен канал „Толо њуз“ изјавил дека вршителот на должност министер за образование најавил дека момчињата и девојките веќе нема да можат да учат заедно на универзитетите „и ќе продолжат да учат во посебни класови во согласност со Исламскиот закон.
Покрај ова, независниот новинар Башир Ахмад Гвах објави на Твитер дека талибанскиот министер за високо образование официјално им забранил на мажите да предаваат на жени.
Групата за зашитиа на човекови права „Талибан Воч“ на Твитер информира дека минатата недела сопствениците на приватни универзитети се спротивставиле на наредбата на талибанците за раздвојување на девојчињата од момчињата и на состанокот му рекле на гувернерот дека нема доволно учителки.
„Но, гувернерот рече дека универзитетите треба да се прилагодат согласно шеријатскиот закон“, додаде групата.