Министерството за образование и наука објави повици за стипендии за додипломски и постдипломски студии во Грција и за стипендии за магистерски и докторски студии во Грузија.

Европската организација за јавно право со седиште во Атина известува за можноста за доделување 20 целосни и 20 парцијални стипендии за додипломски и последипломски студии на Школата/Универзитетот за европско право и управување при Европската организација за јавно право, за академската 2022/2023 година.

Повеќе информации во врска со универзитетот и студиите се достапни на веб-страницата: www.elgs.eu.

МОН на својата веб-страница информира и дека Амбасадата на Грузија со седиште во Софија известува за можноста за доделување стипендии за магистерски и докторски студии на Kutaisi International University (KIU) во Грузија.

Студиските програми се на англиски јазик и се од областа на финансии, менаџмент, компјутерски науки, математика, економија и физика.

Повеќе информации во врска со универзитетот, студиите и можностите за стипендирање може да се најдат на веб-страницата: www.kiu.edu.ge