Ѕвездата на „Монти Пајтон“, комичарот Џон Клиз го нарече американскиот претседател Доналд Трамп – „неверојатна карикатура на г**нар“.
– А пак, луѓето што го поддржуваат се толку неинтелигентни, оти вестите ги добиваат само од „Фокс њуз“. Не знам што воопшто им велите на тие луѓе, додава Клиз.
Глумецот тоа го изјави во новото интервју за „Дејли бист“, на кое учествуваше со неговиот колега од „Монти Пајтон“ франшизата, Ерик Ајдл.
3а Клиз, поддржувачите на Трамп се како „луѓето што гледаат кечерство и не сфаќаат дека сè тоа е наместено“.
Ајдл се сложил со забелешките и продолжил со уште позајадливи коментари.
– (Tрамп) е незамисливо луд. Апслутно „ментален“… Тој е криминалец, професионално го прави тоа. Тој е мафијаш, рече Ајдл.