Полска ќе ги затвори сите „ескејп соби“ кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Тој ова го изјави по пожарот во една играчница „Ескејп рум“ во кој загинаа пет тинејџерки.
– Ова е без преседан. Секој облик на превенција е важен, рече Моравјецки.
Тој додаде дека наредил да се изготви извештај за околу 1.100 вакви или слични играчници и локации во цела Полска, како и дека Владата ќе одреди дали се неопходни промени на безбедносните правила.
Во играта „Ескејп рум“, учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат повеќе загатки.