Мизерно, па по мизерно не може да биде! Морбидно и недостоинствено! Без почит најпрво кон луѓето кои се живи а потоа и кон оние кои починале, се само дел од коментарите на Фејсбук, каде се постирани слики од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандуци, објавува ММС.
Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите. Но,се чини дека денешниот ден го допреа дното.
Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот сандук, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не.
-Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, вели член на групата.
Засега не се знае дали ковчезите се од починати транспортирани од странство, или пак од Ковид-19.