Во индиската сојузна држава Бихар, еден земјоделец мораше да се појави в банка дури и по својата смрт, соопшти локалната полиција.

Имено, соседите морале да го пренесат телото на Махеш Јадав во околната банка, бидејќи таа едвај се согласила да ги деблокира средствата за неговото кремирање. На штедната книшка којашто ја пронашле, имало сума од 1.600 долари. Тој починал сам, без познат близок, па не посочил наследник.

– Полицијата мораше да интервенира, но банката под притисок сепак ја деблокира сметката и им ги даде парите на луѓето, изјави претставник на полицијата.

Директорот на банката призна дека оваа необична ситуација навистина „предизвикала паника“ меѓу вработените.