Австралија ќе ја затвори својата амбасада во Авганистан в петок, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.
Одлуката е донесена во време кога безбедноста во авганистанскиот главен град Кабул би можела да биде доведена во прашање поради повлекувањето на американските трупи.
Затворањето се спроведува „во светло на претстојното меѓународно воено повлекување од Авганистан“, рече премиерот, додавајќи дека Амбасадата ќе биде повторно отворена „кога ќе дозволат околностите“. Морисон рече дека затворањето е закажано за 28 мај.