Агенти на Мосад извлекле ирански нуклеарен физичар од Техеран, објави британскиот весник Сан.
Израелските разузнавачки служби успеле да продрат во строго чуван дом, каде што специјалистот бил во домашен притвор и го одвеле во Ирак.
Експертот за атомска технологија примил документи за бегалци и префрлен бил од Блискиот Исток во Кипар. Таму, научникот им рекол на агентите на Мосад, ЦИА и на британската разузнавачка служба (МИ 6) дека Иран го почитува договорот на ОН и не развива нуклеарно оружје.
Од островот во Медитеранот, иранскиот експерт е префрлен во Велика Британија. Според весникот, операцијата започнала во септември и завршила на Божик.