Русија утре ќе ја прекине испораката на гас за Австрија, соопшти компанијата ОМВ.
ОМВ соопшти дека го добила писмото од Газпром експорт, подружница на рускиот државен енергетски гигант Газпром.
Запирањето на испораките се смета за реакција на арбитражната пресуда според која Газпром мора на ОМВ да и плати 230 милиони евра.

Австрија се уште зависи од рускиот гас

Австрија се уште е многу зависна од рускиот гас. Суспендирањето на транзитот уследи по одлуката на австрискиот арбитражен суд од четвртокот, според која руски Газпром мора да плати 230 милиони евра на австриската енергетско-хемиска компанија ОМВ поради нередовни испораки и целосно прекинување на испораката на гас за Германија.