Висината на снегот во Москва се зголеми од 22 на 33 сантиметри во текот на денот, бидејќи вчера паднаа речиси 30 отсто од месечните врнежи, пренесува Интерфакс.
Агенцијата додава дека имајќи предвид дека снегот ќе продолжи да паѓа, овој 18 декември ќе биде денот кога во Москва падна најмногу снег од 1879 година.
Речиси 90 летови се одложени од три аеродроми во Москва, а 16 се откажани, пренесува РИА Новости.
„Ова е снежна апокалипса“, порача денес руската државна телевизија со снимки од рекордни наноси повисоки од 30 сантиметри на улиците на Москва, поради што е нарушен патниот сообраќај и откажани се и летовите од тамошните аеродроми.
„Вакви снежни наноси се типични за февруари“, а сега се случуваат во декември, објави метеоролошкиот центар Фобос. „Никогаш во историјата на метеоролошките следења толку високи снежни наноси не се видени на московските улици на 18 декември“, се додава.