Русија ја осуди поранешната членка на одборот на државната енергетска холдинг компанија „Интер РАО“, Карина Цуркан на 15 години затвор, откако е донесена пресуда дека обвинетата работела како шпион за Молдавија.
Цуркан, која ги отфрли обвиненијата, е уапсена во јуни 2018 година, а судењето беше затворено за јавноста.
Некои детали од случајот не се откриени поради доверливост на материјалот во обвинението за шпионажа.