Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Москва потпиша Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија (ЕАЕУ) со кој се проширува списокот на српски производи што можат да се извезуваат на територијата на ЕАЕУ без царина и со зголемување на квотите за извоз на стоки за кои важеа ограничувања.
Договорот ќе ги замени постојните билатерални договори на Србија со Русија, Белорусија и Казахстан и ќе ја прошири зоната на слободна трговија со Ерменија и Киргистан, опфаќајќи пазар од околу 185 милиони луѓе.
Според договорот, Србија ќе може да извезува без царина 2.000 тони цигари, околу 90.000 литри вињак, 400 тони полутврдо и тврдо кравјо сирење, неограничени количини козјо и овчо сирење и неограничени количини на ракија од овошје во земјите на Унијата.
Според договорот, кој е потпишан денес, останува царинита на извозот на автомобили од Србија.
Со потпишувањето на договорот, Србија нема да стане членка на Евроазиската економска унија, бидејќи членството не беше тема на преговори кои се водеа од 2016 година, но првенствено за трговските квоти за сирење, цигари и други производи.
Вкупната трговија на Србија со петте земји-членки на ЕАЕУ минатата година достигна 3,4 милијарди американски долари, при што околу 90 проценти од вкупната трговија е со Русија.
Спроведувањето на договорот ќе започне кога ќе биде ратификуван во парламентите на Србија, Русија, Киргистан, Ерменија, Белорусија и Казахстан.
На потпишување на договорот присуствуваше и Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љаиќ.