Трилатерални разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин, неговиот азербејџански колега Илхам Алијев и ерменскиот премиер Никола Пашињан ќе се одржат денеска во Москва, на иницијатива на шефот на руската држава.
Тројцата лидери планираат да го разгледаат спроведувањето на нивните изјави за прекин на судирите во Нагорно-Карабах од 9 ноември 2020 година и да се осврнат на чекорите за решавање на регионалните прашања, соопшти Кремљ.
Посебно внимание ќе биде посветено на прашањето за помош на населението во областите погодени од воени акции, како и деблокада и развој на трговско-економските и транспортните врски.
Освен тоа, ќе бидат одржани и билатерални разговори меѓу Путин, Алијев и Пашињан.