Три лица загинаа, а четири се повредени при уривање на покрив од фабрика во рускиот град Ѕержинск во Московска Област, соопшти подрачната единица на Министерството за вонредни состојби.
Службите за итни случаи информираа дека најверојатно нема други лица под урнатините.
Паднатиот покрив зафаќа површина од 130 метри квадратни.
Халата е на компанијата „Техно груп“, која произведува опрема за системи за вентилација.
Се претпоставува дека причина за рушење на кровната конструкција, на која се вршело реновирање, е прекршување на техниката за безбедност при реконструкциски зафати.