Руската армија денеска соопшти дека соборила четири ракети од американско производство „ХАРМ“ (HARM – High-speed Anti-Radar Missile) над руска територија, на небото над регионот Белгород што се граничи со Украина.
– Четири американски ракети „ХАРМ“ беа соборени во воздушниот простор над Белгородската област, соопшти Министерството за одбрана на дневниот брифинг на „Телеграм“, без да даде повеќе детали.
САД испорачаа неодреден број ракети „AGM-88 HARM“ на Украина. Првите ракети од овој тип беа пуштени во употреба во 1984 година и имаат дострел од над 48 километри. Тие се дизајнирани да напаѓаат системи за противвоздушна одбрана, опремени се со радар и се прилагодени да бидат истрелани од украински воени авиони од времето на Советскиот Сојуз.
Пентагон соопшти дека не може да ја потврди информацијата.