Украинската страна одбива да соработува за прашањето за евакуација на граѓаните од Харков и Суми, соопшти вечерва рускиот координативен штаб при Националната одбрана.
„Досега украинската страна категорично одбива секаква соработка за евакуација на голем број луѓе од Харков и Суми, каде има илјадници цивили, меѓу кои и странци“, се вели во соопштението, пренесе ТАС С.
Москва додава дека илјадници луѓе сакаат да ја напуштат Украина и да заминат во Русија, но Киев ги спречува во тоа.
„Сигурно знаеме дека илјадници луѓе, вклучително и странци, сакаат да ја напуштат Украина и да влезат во Руската Федерација, но Киев ги кочи затоа што стравува дека целиот свет ќе ја дознае вистинската вистина за неонацистичките акции против цивилите“, соопштија од Меѓуресорскиот координативен штаб за хуманитарниот одговор во Украина.