Нападот врз домот за стари лица во Суџа, Курската област, извршен од украинската војска од Сумиската област, претставува воено злосторство, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„На 1 февруари, украинските вооружени сили извршија уште едно воено злосторство со извршување на насочен ракетен напад врз дом за стари лица во градот Суџа. Лансирањето на непријателските ракети од регионот Суми беше регистрирано од руските системи за противвоздушна одбрана“, соопшти Министерството.
Во соопштението се наведува дека оваа провокација има за цел да го одвлече вниманието на светската јавност од злосторствата извршени од режимот во Киев во селото Руско Поречноје во Курската област, со оценка дека нападот на домот за стари лица во Суџа ја покажува природата на властите во Киев.
Генералштабот на вооружените сили на Украина во саботата вечерта објави дека најмалку четири лица загинале, четворица се тешко повредени, а вкупно 84 луѓе биле спасени од урнатините по, како што велат, руски воздушен напад врз дом за стари лица во градот Суџа во областа Курск под контрола на Русија.