Вчера во 12.55 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Фости“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.