Бразилецот од Тотенхем, Лукас Моура беше стрелец на трите гола за својот клуб синоќа во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите (3:2) против Ајакс.
Според прес-службата на УЕФА, Моура стана само петти играч кој успеа да дојде до три или повеќе голови во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Претходно, Алесандро Дел Пјеро, Ивица Олиќ, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо по три пати се запишаа во листата на стрелци во полуфиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување.