Дилемата за тоа ја отвори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски кој на социјалните мрежи објави документ за кој тврди дека е допис од италијанската полиција. Милошоски тврди дека документот е веродостоен и бил донесен по препорака на Европската Комисија, а го прифатиле сите земји-членки освен две, меѓу кои и Грција.

-Документот е веродостоен и е дел од официјалната комуникација на италијанските власти со нивната погранична служба и во тој документ се гледа дека МНР на Италија по препорака на ЕК донела одлука заедно со други 25 земји-членки да признаат важечките пасоши со Република Македонија. И да ја овозможат слободата на движење, тоа што за жал Оливер Спасовски и Бујар Османи го оневозможија на стотици илјади македонски државјани. Многу е нечесно од министерот Османи што ја криел оваа информација, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

За министерот Османи пак, станува збор за лажна информација. Македонските граѓани како што вели тој, не можат да ја напуштат државата бидејќи според домашното законодавство пасошите со старото име се невалидни. Проблемот го лоцира во МВР и ги повика да го забрзааат процесот за замена на личните документи.

-Прво, не е точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести во која ја открија во ВМРО-ДПМНЕ, знаете дека открија фабрика за пропаганда и лажни вести. Во однос на пасошите сега не се проблем европските земји, проблем е што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки ги има прогласено за неважечки тие пасоши. Не се проблем европските земји, проблем е што МВР го има сменето Законот и нашите граѓани не можат нашата граница да ја поминат, така да ние не сме ни стигнале до гранциите на ЕУ. За враќање ги имаме преземено сите мерки да нема проблеми и не сум слушнал дека некој имал проблеми да се врати, изјави Бујар Османи.