Лани Мерко купил нов антивирус за 6.400 евра, иако општина Струга веќе го користела доверливиот Касперски, открива порталот Инфошќип.

Во декември минатата година, во еден од последните тендери за 2021 година, општина Струга, предводена од градоначалникот Рамиз Мерко, купил лиценци за антивирус во вредност од 393.750 денари, или околу 6.400 евра, открива порталот Инфошќип.

Базата на податоци за јавни набавки покажува дека општина Струга на 21 декември склучила договор за купување 150 лиценци за антивирус од фирмата „Јонгис“ од Охрид. На тендерот е прецизирано дека компанијата за која станува збор мора да инсталира антивирус на компјутерите на општината. Во тендерот е прецизирано и дека во моментов општина Струга користи антивирус „Касперски ендпоинт секјурити“ и дека фирмата што го добила тендерот мора да го деинсталира тековниот софтвер и да инсталира нов софтвер, без да се специфицира каков модел на антивирус ќе се инсталира.

„На пазарот има десетици поевтини, па дури и бесплатни антивирусни софтвери, но и актуелниот антивирус Касперски, што го користи општина Струга, е меѓу најпознатите и најдоверливите антивирусни програми на пазарот. Меѓутоа, Општина Струга нашла за сходно да не го користи повеќе и да објави нов тендер, кој ќе ги чини даночните обврзници дури 393.750 денари, или 6400 евра“, коментира Инфошќип