Холивудскиот мегахит „Боемска рапсодија“, веќе е дистрибуиран во Кина и постојат најави дека властите ќе го цензурираат, објави Ен-Би-Си.
Не е објавен датумот за почеток на прикажување на филмнот, но локални медиуми го најавуваат за 22 март.
Компанијата 20th Century Fox објави дека е предвидена проекција во Кина и покрај тоа што државната цензура ги ограничувала темите за хомосексуални врски.
Две од телевизиите кои пренесуваа церемонија од врачувањето на оскарите, цензурираа дел од говорот на главниот актер Рами Малек.
Според извори на Ен-Би-Си, со сигурност ќе биде „исечена“ најмалку една минута од филмот во која се бакнуваат мажи и има употреба на наркотици.