Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот Бојане, од утре до 6 март, помеѓу 08 и 13 часот е можно да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува и дека утре, поради дефект на приклучна цевка Ф-2цол на улицата „Св. Кирил и Методиј“ 38, на паркингот кај „Трготекстил“ во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.