Светиот синод на МПЦ-ОА се очекува на утрешната седница да донесе одлука за обединување со ПОА на довчерашниот расколник Јован Вранишковски. На утрешната седница се поканети сите епархиските архиереи, објави Религија.мк.
Обединувањето ќе значи интеграција на владиците на ПОА (Православна охридска архиепископија која работеше во рамките на СПЦ) во МПЦ-ОА. Делови од постоечките епархии на МПЦ-ОА ќе бидат поделени, а со новите епархии ќе управуваат четворица владици на ПОА.
Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.