Утрешниот ден, 7 мај, ќе биде работен за градинките на територијата на Скопје и истите треба да се организираат непречено да ја извршуваат својата функција, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.
Потсетија дека, согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај, да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Скопје. Со одлуката се опфатени основните и средните училишта.