Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за април 2020 година.
Тоа се гарантиран детски додаток, детски додаток, посебен додаток за мај 2020, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете и единствен родителски додаток.
Во тек е и исплатата за Образовен додаток – Студирање; Гарантирана минимална помош; Туѓа нега; Постојана парична помош; Еднократна парична помош; Мобилност и слепило; Цивилна инвалиднина; Социјално домување; Социјална сигурност- социјална пензија; Азиланти домување; Парична помош за згрижувач и Паричен надоместок за згрижувачко семејство.
МТСП информира дека исплатата на правата на парична помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред, според почетната буква од презимето и тоа:
– 4 мај 2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)
– 5 мај 2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)
– 6 мај 2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)
– 7 мај 2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)
– Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19. Корисниците на права од социјална и детска заштита кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, паричните средства можат да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 4 мај 2020 година, соопшти МТСП.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба.
-Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијали и експозитури на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра, наведува Министерството во соопштението.