Мајра Ангел, келнерка од Лас Вегас, ги шокирала сватовите на својот поранешен љубовник, Кори Перлсон, бидејќи во пресрет на венчавката, направила лажен профил на Инстаграм, под име „Летна афера”.
На тој профил ставила фотографии од неа и младоженецот, а под секоја слика ставила хештег предвиден за венчавка.
Имено, Кори и неговата вереничка Бријана, одлучиле на Инстаграм да направат хештег “#theperlsons”, под кој сите нивни гости би ставале слики од гламурозната венчавка, во дворецот “Oheka”, во Лонг Исланд.
Келнерката тврдела дека имала афера со младоженецот во текот на минатата година. Тој и Бријана, која инаку е вработена како една од извршните директори на Трамп, и тогаш биле во врска. Младоженецот негирал дека бил некогаш во врска со Мира.
Мајра толку многу се заљубила во Кори, што дури ги истетовирала неговите иницијали на реброто. Инстаграм профилот, на кој ги објавила фотографиите бил избришан после венчавката, но секој кој ги пребарувал сликите од свадбата, можел да види со кого се бакнувал младоженецот минатата година и дека верноста не му е силна страна.
Венчавката сепак не била откажана, а новите сопружници побарале на келнерката да ѝ се забрани пристап.