Ако сте забележале дека го користите „Фејсбук“ помалку од претходно, не сте сами. Без разлика дали намаленото користење е поради големиот број скандали кои се поврзуваат со оваа социјална мрежа или едноставно се минува со времето, а помладите генерации се свртуваат кон други популарни социјални мрежи, како што е „Инстаграм“, тешко е да се каже, но статистичките податоци покажуваат дека луѓето го користат се помалку и помалку.
Според податоците на „eMarketer“, просечното време кое корисниците го потрошиле на Фејсбук во текот на 2018 година се намалило за три минути. Минатата година, корисниците трошеле просечно 38 минути дневно, а во 2017 година тоа време изнесувало 41 минута. „eMarketer“ предвидува дека до 2020 година треба да се намали на 37 минути дневно.