Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повредил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.

Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница каде му е укажана лекарска помош.

Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.