Повеќе од 90 отсто од изјавите на српскиот претседател, Александар Вучиќ во текот на првата година од неговиот мандат биле невистините, покажало истражувањето на порталот Вистиномер. Анализата на српскиот портал открива дека во едногодишниот мандат Вучиќ само во девет отсто од изјавите ја кажал истината а повеќепати ги пречекорил своите овластувања, објави денес Вистиномер, а пренесуваат повеќе српски и регионлани медиуми.
„Од вкупно 33 изјави само девет биле вистинити“, наведува порталот и додава дека во истиот период Вучиќ исполнил само едно од шест ветувања.
Првата година на мандатот е одбележана со повеќе пречекорувања на овластувањата, од изборот на премиерката Ана Брнабиќ до утврдување мерки за популационата политика.
Меѓу примерите кога Вучиќ не ја зборувал вистината се издвојува и тој за изградба на патишта.
„Се поткажа дека ветувањето на Александар Вучиќ дека во 2017 година ќе имаме повеќе километри автопатишта од Хрватска не се оствари. Се покажа дека Србија во 2017 имала ист број километри колку Хрватска во 2003 година. И недостасуваат околу 550 километри за да се израмнат, под услов Хрватска да престане да гради патишта“, наведува Вистиномер.
Српскиот претседател не бил во право и кога говорел дека српската економија во 2016 имала најголем економски раст од сите земји на Западен Балкна, но тоа не било точно зашто поголема стапка на раст имале Хрватска, Албанија и Косово.