Таа го загубила нејзиниот татко пред четири години, но и покрај неговата смрт, таа продолжила да му испраќа пораки.
Девојчето од Арканзас сподели трогателен пост на Фејсбук, кој многумина ги расплака.
Пред четири години, таа го загубила нејзиниот татко, но и покрај неговата смрт, таа продолжила секој ден да му испраќа пораки на неговиот стар мобилен телефон и го информирала за новостите од нејзиниот живот. Ноќта пред четвртата годишнина од неговата смрт, таа добила одговор за прв пат, од ожалостен маж чија ќерка починала во сообраќајна несреќа.
– Еј тато, пак сум јас. Утре повторно ме чека тежок ден, напишала Частити Патерсон (23), не очекувајќи никаков одговор.
Потоа, во подолга порака, таа му напишала на својот татко дека не престанува да размислува за него, во меѓувреме преболела карцином, дипломирала, се заљубила, и раскинал… и му напишала дека ќе се гордее со неа, каква жена станала.
Одговорот кој го добила, ја оставил без зборови.
– Здраво драга, јас не сум твојот татко, но последните четири години ги примам твоите пораки. Со нетрпение ги очекувам пораките секое утро и секоја вечер. Јас се викам Бред и ја изгубив ќерка ми во сообраќајна несреќа во август 2014 година. Твоите пораки ме одржуваа во живот. Кога добивам порака од тебе, знам дека тоа е порака од Бога. Жал ми е штоси изгубила некој близок, но ги читам твоите зборови од година во година, и гледам како растеш. Сакав да ти одговорам одамна, но не сакав да ти го скршам срцето. Ти си неверојатна жена, посакувам и мојата ќерка да имаше можност да стане жена како тебе. Секој ден ги прифаќаш предизвиците и зрачиш со светлината што Бог ти ја дал. Жал ми е што мораше да ги минеш сите неволји, но ако ти значи нешто, јас сум горд на тебе, напиша тој.
Видно трогната Частити во емотивен пост на Фејсбук реле дека добила знак дека сè е во ред и дека сега може да му дозволи на нејзиниот татко да почива во мир.
Во последователниот пост на Фејсбук, таа појасни дека Џејсон Лигонс не и е биолошки татко, но дека тој бил татковска фигура во нејзиниот живот кој се грижел за неа уште од раното детство.
– Не ми беше намера да привлечам внимание, јас споделував пораки од мојот мобилен телефон со пријателите и семејството за да им покажам дека Бог постои. Траеше четири години, но се појави токму на време, напиша таа.