Просечната заработувачка во Велика Британија се зголемила во последните три месеци, заклучно со април, додека невработеноста остана на најниско ниво од крајот на 1974 година.
Во тој период, просечната неделна заработувачка без бонуси, се зголемила за 3,4 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Канцеларијата за статистика, исто така, соопшти дека стапката на невработеност во тој период од 3,8 отсто е најниска од декември 1974 година, со оглед на тоа што 34.000 лица биле „отпишани” од регистарот на невработени лица.
Тоа значи дека вкупниот број на невработени во Велика Британија е намален на 1,3 милиони.