Мојата професионална определба беше академската средина. Но сметав дека можам многу повеќе да придонесам доколку теоријата ја претвораме во пракса.

Ја оставам Аеродром со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги бараат граѓаните. Каде и да сум, секогаш ќе бидам тука за Аеродром. Овој пат Македонија мораме да ја издигнеме над просечноста, ја победивме апатијата, но тоа не е доволно, време е да ја промениме реалноста и да ги започнеме промените.

Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите. Мораме да покажеме одлучност и посветеност во исполнување на стратешките интереси за полноправно членство во ЕУ. Но и спремност да ги одбраниме идентитетските прашања кои се наше право и должност.

Воедно да ја употребиме дипломатиката во функција на економијата. Да привлекуваме инвестиции кои ќе го отворат патот за подобар живот и повисок животен стандард. Македонија ќе биде почитувана. Ќе работиме макотрпно во промоциjа на вредностите во кои верувам. Државата да ја вратиме на народот. Инвестиции и дипломатија за тебе, за сите нас. Почнуваме!

https://www.facebook.com/TimcoMucunski/videos/676767607938471/