Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи, истакна на денешната заедничка прес конференција со унгарскиот шеф на дипломатијата Петар Сијарто министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.
-Ја користам оваа прилика да го искажам моето задоволство за бројните квалитетни средби што ги остваривме во минатиот период, во Скопје, во Будимпешта, но и во други меѓународни центри. Нашата меѓусебна редовна комуникација и диалог беа насочени целосно кон унапредување на билатералната соработка но и на мултилатералната соработка, како и на изнаоѓање начини за понатамошно нивно продлабочување, истакна Муцунски.
Утрешниот заеднички состанок на владите на двете држави, е уште еден значаен момент на продлабочување на односите помеѓу Македонија и Унгарија рече Муцунски.
Утрешниот заеднички состанок на владите на двете држави, е уште еден значаен момент на продлабочување на нашите односи но и неопходни можност за стратешка координација во време на сериозни политички и безбедносни предизвици, рече Муцунски.
Искрено верувам дека овој состанок е одлична можност за размена на мислења и ставови кои значително ќе придонесат кон унапредување на севкупната билатерална соработка, како и за дополнително зајакнување на европскиот мир, безбедност и просперитет, додаде македонскиот министер Муцунски во своето излагање на заедничката прес конференција со својот домаќин Петар Сијарто.