Министерот за надворешни работи на Република Македонија на заедничката прес конференција со својот колега Петар Сијарто изрази голема благодарност за континуираната пријателска поддршка за Македонија од страна на Унгарија на патот кон ЕУ.

-Сакам да изразам голема благодарност за континуираната пријателска, недвосмислена и сеопфатна поддршка што Унгарија и ја дала на нашата држава во процесот на пристапување кон ЕУ, како на билатерално ниво, така и на техничката помош што ни ја обезбедуваат, рече Муцунски.

-Посебно ја цениме несебичната поддршка за време на исклучително успешното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година, потенцираше Муцунски.

Претходно Муцунски истакна дека утрешниот заеднички состанок на двете Влади, значаен момент за продлабочување на односите меѓу двете земји.

-Ја користам оваа прилика да го искажам моето задоволство за бројните квалитетни средби што ги остваривме во минатиот период, во Скопје, во Будимпешта, но и во други меѓународни центри. Нашата меѓусебна редовна комуникација и диалог беа насочени целосно кон унапредување на билатералната соработка но и на мултилатералната соработка, како и на изнаоѓање начини за понатамошно нивно продлабочување, истакна Муцунски.

Утрешниот заеднички состанок на Владите на двете држави, е уште еден значаен момент на продлабочување на односите помеѓу Македонија и Унгарија рече Муцунски.

-Утрешниот заеднички состанок на Владите на двете држави, е уште еден значаен момент на продлабочување на нашите односи но и неопходни можност за стратешка координација во време на сериозни политички и безбедносни предизвици, рече Муцунски.