Денес почнуваме ново поглавје – поглавје на доверба, партнерство и заеднички успеси, објави министерот за надворешни работи инадворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Утрово во Владата го претставив предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, петгодишен план за унапредување на соработката со дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

Ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност како држава – конечно, вистински, системски и долгорочно да им се посветиме на нашите луѓе надвор од границите.

Ова не е стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство со институциите, експертите, организациите, професионалците и, најважно, со самата дијаспора. Ова е важен документ што значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација – дека создава систем, а не импровизација; партнерство, а не протокол; долгорочна визија, а не ад-хок мерки.

Преку оваа Стратегија покажуваме дека дијаспората не ја гледаме како „замината“, туку како мостови, амбасадори и партнери, објави Муцунски.