Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи сподели фотографија од посетата на Вашингтон.

-Во рамки на престојот, остварив значајни средби и конструктивни разговори за понатамошно унапредување на македонско-американските односи, напиша Муцунски, дополнувајќи дека ваквите средби се клучни за зајакнување на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

Неофицијално, во текот на посетата министерот имал можност да се сретне со високи американски претставници, а разговорите биле насочени кон зацврстување на билатералната соработка помеѓу двете земји.

Во соопштение за посетата МНР истакнува дека во рамки на посетата министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, со  потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и со лица вклучени во транзицискиот тим на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој од 20 јануари ќе стапи на функцијата. Дополнително, тој имал средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот.

„Фокусот на политичките средби беше ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка. Во разговорите со бизнис заедницата, акцентот беше ставен на преставување на можностите за инвестирање во државата и зајакнување на трговските врски помеѓу двете земји“, стои во соопштението на Министерството.