Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Париз.
-Посетата ќе започне со средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, по што ќе следи работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа, информираат од МНР.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средба со Бертран Бишвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.