Поранешниот уставен судија и претседател на Уставниот суд Сали Мурати вели дека коректно е да се остави судиите да одлучуваат и дека треба да видиме дали од подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазиците ќе се разјсанат спорните прашања.

-Не е вкусно сега да коментирам за тој предмет. Знам, добар познавател сум, ги следам работите… по подготвителната седница можам подетално да се изјаснам, бидејќи коректно е сега судиите да одлучуваат по тој предмет, изјави Мурати, кој е пратеник од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, во рамки на коалицијата „Европски фронт“.

Мурати, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието рече дека, тој како поранешен уставен судија го знае само мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците по барање на Владата, и дека не знае за друго мислење на барање на Уставниот суд.

-И во мое време имаше основ за подготвителна седница. Уставниот суд имаше подготвителна седница за процесно правни дејствија, бидејќи знаете дека околу 30 закони не беа потпишани од Претседателот, и повторното враќање. Еден од законите, што беа оспорени пред Уставниот суд беше и Законот за јазиците и Преспанскиот договор и Судот тогаш одлучи да има подготвителна седница, токму за процесно правните дејствија, но сега се докажа дека судот има потреба, што е деловнички да има подготвителна седница и за материјалниот дел, внатре што пишува. Не е вкусно сега јас да коментирам за тој предмет, изјави Мурати.

Фото: МИА