Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше поразот од Челзи (0:1) синоќа во мечот од 22. коло во Премиер лигата.
– Челзи имаше многу шанси, вистина е. Ние не ја поседувавме топката, не создадовме ништо во првото полувреме. Сепак, многу е тешко да се прифати пеналот што беше досуден на нашата штета. Како резултат, овој момент беше решен исходот на натпреварот. Челзи победи поради пенал, кој всушност не постоеше, изјави Мурињо за „Гол“.
По овој пораз Тотенхем се најде на 8. место во поредокот во Премиер лигата со 33 бода.
За прв пат во кариерата, тимот на Мурињо загуби два домашни натпревари по ред.